Цените се движат од 200 до и до неколку илјади евра, а се почесто и Срби се одлучуваат да купат Албанки за брак, вели некогашен службеник за државна безбедност.
-Најчесто овие девојки доаѓаат од Кукуш и други албански места, а цените се од 2000 па до 3000 евра, претходно цените беа поголеми, но сега се намалени бидејќи претпочитаат да ги мажат девојките на запад.
Се почесто и македонци и срби кои не можат да се оженат се одлучуваа да појдат до Албанија и да си најдат девојка.
Во некои делови од државата е голема срамота за жената да остане немажена, па затпа голем број Албанки во последниве години одлучија да ја бараат среќа надвор од границите на нивната земја и да се омажат со километри далеку од дома, а најчесто да стапат во брак со Срби.
Така Викторија Вида Јаковевиќ одлучи пред 13 години да го напушти Скадар и да дојде во селото Средња Река на Голија, да се омажи за Стеван и целосно да и го промени животот.
– Кога дојдов тука три месеци плачев секој ден. Знаете како е коага доаѓаме во туѓа куќа, не знаеме јазик ниту ништо. Знам сè на албански јазик, но како да знам што е „чаша“ – изјави Викторија за „Прва“.
Стеван додава дека не му било лесно на самиот почеток на заедничкиот живот, но напорот и посветеноста брзо се исплатиле.
– Ми беше доста тешко, но се обидов да бидам што посилен психички и да бидам најдобриот подарок за неа, да ја извадам на прав пат и да и всадам доверба вели Стеван Јаковoевиќ.
Кога Вида го совлада јазикот, сè стана полесно и таа побрзо се вклопи во новата средина.
– Сега ми се допаѓа Србија, навикната сум да се смеам и да пцујам. Јас го знам сето ова многу добро! Знам да се заколнам на најлошото – вели низ смеа Вида.
Потоа научи да готви српски традиционални јадења.
– Знам за правам пити, баклава со ореви, јаболка. Јас го знам сето тоа – тврди таа.
Откако дојде Вида, куќата на Стеван цветаше, па овој пар сега ја работи целата работа заедно.
– Сега одам повеќе по печурки, повеќе сакам печурки, не ме плаши и ако дојде мечка нема да ме јаде. Ги јаде овие слабите луѓе, не ме сака мене – се пошегува Викторија.
Нема сомнение дека албанските жени спасиле многу српски рурални училишта од затворање, што тоа го потврдува и Стеван, кој не е единствениот од ова село кој се оженил со албанка.
– Имам братучед таму долу кој отиде таму истата година, исто така се ожени и има три деца. Би ги советувал сите да се вклучат во ова – заклучува тој./Foto Insta