Од неодамна во скопската населба Дебар Маало функционира нов угостителски објект кој е опремен по светски стандарди.




Но, тие стандарди и драстично високите цени на трошоците носат и големи цени на храната и пијалоците подготвена во ресторанот.




Еспресо 200 денари, салата 350 денари и аперол 350 денари – ова се само дел од цените. Скопјанец на твитер објави фискална сметка од објектот и напиша „Не одете ако немате бубрег за продавање„.




Цените може да ги видите на фотографијата подоле, а дел од твитерџиите коментираат дека Скопје е поскап од Мадрид, поевтино е да пиеш кафе во Барселона и да одиш да купиш гиро од Солун.




Миконос Дебар Маало….
Ако немате вишок бубрег не одете
Еспресо 200 денари па 3.20 евра




ни на Kрит не е еспресото, a флаширанава вода е сигурно од Олимп полнета 15 мин пред да седнам па затоа е 250 денари… Се дел од рекламите