Утре се празнува најголемиот женски православен празник.

За што се молат жените утре на Покровот на Пресвета Богородица и кои обичаи мора да ги почитуваат!

На 14 октомври, Православната црква и нејзините верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица, настанот што црквата го слави на овој ден се случил на 14 октомври 911 година.

Црквата секогаш ја славела Пресвета Богородица како покровител и заштитничка на христијаните, којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните.

Advertisement

Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.

Црковниот великодостојник кој е востановувач на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, и автор на празничното пролошко слово, воодушевен од овој чудесен и несекојдневен настан, меѓу другото напишал: „… Посакав Пречиста да не остане без празник Твојот свет покров, но како што Ти, Семилостива, сакаш да го украсиш чесниот Твојот покров, украси ги со веселба и оние кои Те прославуваат…

И како што милостиво ги покри народите кои беа таму во црквата, така и нас грешните Твои слуги, покриј нѐ со покровот на Твоите крила, рушејќи ги советите и мислите на сите оние кои помислуваат зло против нас. И спаси нѐ по милоста на Твојот Син во овој и во идниот век, и сите кои со страв и вера притекнуваат кон Тебе, и оние кои на Тебе се надеваат на брза помош и застапништво…“.

Со тоа што Богородица богоподобно го љуби човечкиот род и е извор на сите наши добра, се објаснува особеното и единствено почитување кон Неа во Православната Христијанска Екумена. Она што Самиот Бог уште во Стариот Завет го објавил, дека Марииното име ќе биде почитувано и славено (спор. Пслм. 45, 17; Ис. 60, 12…) на некој начин прави продолжение и дополнение на празнувањето на Празниците на Христовиот Домострој во Тело, што, пак, значи дека секое празнување на Богородичните празници добива Христолошки и Сотириолошки карактер. А тоа е така, затоа што Богородица најпотполно Го Овоплоти Бога во Себеси и затоа што Таа е основа на догматите Христови.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1ви (по старо, по ново 14-ти) октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј.

Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици.

Покровот на Пресвета Богородица е нејзиниот омофорион (ќебе) што го рашири над христијаните – во видението што го имаа преподобниот Андреј и неговиот ученик.

Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“

Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.
Патем, е исто така познат како Покров, Покровот на Богородица и Ден на жената.

Многу жени постат пред Покров со цел да се причестат на денот на празникот. Жените го слават за полесно раѓање и одгледување деца. Оние што немаат деца, на тој ден се молат на Пресвета Богородица да имаат деца.

Инаку, овој ден се слави и како Женски празник. Многу жени постат претходните денови за да се причестат на овој празник.

Жените го слават овој ден за полесно да раѓаат и успешно да ги извадат децата на вистинскиот пат. Оние коишто немаат деца се молат на овој ден на Пресвета Богородица за да добијат потомство.

Advertisement