Иван има животна цел, а тоа е да има вкупно 50 деца. Досега има родено 30 деца, а последните години живее со 14 од нив во стан од 70 квадрати.

Цел свет слушна за Русинот Иван Сухков , кој неодамна раскажа како има 40 години, има 3 сопруги и 30 деца. Шокот дошол кога Иван признал дека целта му е да има најмалку 50 наследници и дека ќерките ги венча во полигамни заедници и очекува синовите да живеат како него.

„ Триесет деца не се многу. Тоа не е ништо. Тие брзо растат, летаат од гнездото, создаваат свои семејства. Тоа е добра бројка, тоа е нормално. За мене, минимум е да имам 50 деца. Да го постигнам тоа, ако не добијам 50 деца – како да не сум постигнал ништо во животот “, рече Иван.

На прашањето на новинарот за контрацепција, Иван одговори дека никогаш не користи контрацепција. Влегува во односи со жени само ако има сериозни намери да се ожени со него и да му роди деца:

Advertisement

“Зошто имаш секс ако нема да родиш дете? Ако жената е само за забава, тогаш не влегувам во приказна со неа. Мојата цел е да имам многу деца и жените се свесни од тоа“.

Корисниците на Интернет ги разбеснило тоа што Иван живее со сопругата и децата во трисобен стан, што ги поделил собите на машки и женски, додека се распослал во посебна просторија. Трошоците на ова семејство не смеат да надминат 75.000 рубли, па затоа овие 18 луѓе мора да бидат особено штедливи.

Неговите сопруги не смеат да купуваат вода или сладолед без негова дозвола.

„Што е со социјалните служби, зошто никој не дојде кај него дома и не провери како се тие деца?

„Како можат 18 луѓе да живеат на 70 квадрати? Дури и маса има повеќе простор од еден човек…“

Ова интервју привлече толку големо внимание што московските комесари за правата на децата решија да проверат како живеат децата на Иван Шуков, имајќи предвид дека никој од нив не посетува редовно училиште.

Advertisement