Идеален пијалак за лето

Црната лимонада е еден од најдобрите пијалаци за топло време. Ова е едноставна лимонада со додаток на активен јаглен, која можете да ја купите во аптека во форма на капсули, а оваа компонента спаѓа во групата на суперхрана.

И покрај непривлечниот изглед, црната лимонада прави чуда, особено кога треба да се ослободите од премногу калории.

Оваа лимонада со активен јаглен го чисти телото од токсини и помага во растворање на мастите, особено оние кои се таложат околу стомакот.

Advertisement

Црната лимонада прави чуда за нашето тело.

Одличен напиток после главниот оброк во денот или како стимул за метаболизмот навечер.

Потребни намирници за подготовка на црна лимонада:

  • 4 чаши филтрирана вода
  • 1/4 чаша свежо исцеден сок од лимон (повеќе или помалку во зависност од вкусот)
  • стевиа по желба
  • 1/4 лажичка (или една капсула) активен јаглен

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не го добиете посакуваниот вкус. Послужете со коцка мраз.

Активниот јаглен (Carbo medicinalis) често се користи при заразна дијареа.

Активираниот јаглерод има голема впивачка површина и најчесто се користи за краток временски период, а не се препорачува долго да се зема бидејќи се лепи за слузокожата на дигестивниот систем и ја врзува водата.

Кога се користи за краток временски период, тој е целосно безбеден и безопасен, а може да го користат и деца.

Advertisement