Секој ден треба да пиете до два литра чај од Магдонос!




Магдоносот најчесто се користи како зачин во готвењето, но ова растение очигледно има и голем број лековити својства. Ова зелено растение е вистинска нутритивна енергија со витамини А, Б, Ц и К и минерали како железо и калиум, пишува „ Стил “.




Тој игра улога во спречувањето на дегенеративните ефекти на дијабетесот врз црниот дроб, го балансира шеќерот во крвта и помага за долгорочна рамнотежа на тежината.




Покрај тоа, магдоносот е докажано дека го намалува ризикот од рак, ги штити крвните садови, се бори против воспаленија во телото, го зајакнува имунолошкиот систем и штити од разни болести – од атеросклероза, дијабетес и рак на дебелото црево до астма.




Сепак, тоа е еден од најефикасните начини за природно лекување на отечени стапала. Затоа е популарен меѓу луѓето кои треба брзо да ослабат пред некој важен настан, бидејќи го отстранува вишокот течност од телото. Отекувањето на стапалата е резултат на акумулација на вода, познат како едем, кој најчесто е предизвикан од бременоста, а може да биде предизвикан од други работи: прекумерно консумирање преработена и солена храна, седентарен начин на живот, ПМС и употреба на одредени лекови.




Магдоносот е моќен природен лек кој се користи со векови и е еден од најдобрите природни диуретици кои можеме да ги користиме. Ја подобрува и функцијата на бубрезите, а доколку соодветно ја врши својата работа, водата пократко ќе остане во телото, што ќе го намали ризикот од едем. Покрај тоа, магдоносот е богат со калиум, па за разлика од хемиските диуретици, тој ќе одржува здраво ниво на калиум во организмот.




Еве како да направите чај од магдонос дома:
Зовријте вода и истурете во шолја за чај.
Потоа додадете четвртина од сечканите листови магдонос. Се остава да отстои 5-7 минути, се процедува и се пие. Секој ден треба да пиете до два литра чај од магдонос!