Потребни состојки:
- 500 мл млеко
- 1 коцка квасец
- 2 жолчки
- 3 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 950 г брашно
- 2 лажици маст (свинска или билна)
Постапка:
Ставете го квасецот во млако млеко да надојде.
Во подлабок сад измешајте: маст, жолчки, шеќер и сол. Додадете го надојдениот квасец.
Замесете го тестото со брашно, да биде помеко но да не се лепи на прсти. Оставете да отстои 30 минути. Вадете ги крофните со чаша или модла. Развијте ги тенко на 6-7 мм и оставете ги 10-тина минути да надојдат.
Надојдените крофни уште малку со оклагија развлечете ги, но внимавајте да не го развлечете премногу тестото. Работете нежно. Оставете уште 1-2 минути а потоа пржете ги.
Се пржат во загреано масло, но не премногу врело за да не изгорат крофните одеднаш. Кога ги ставате крофните во масло, свртете ги така што страната која била на маса сега да биде горе, а онаа која била горе да се пржи во масло.
Вадете ги на салфета за да се впие вишокот масло а потоа валкајте ги во шеќер во прав во кој сте додале ванилин шеќер.