За многу граѓани на Србија, ветените земји често се оние на северот на Европа. Меѓутоа, поранешниот фудбалер Ѓорѓе Исаиловиќ ладната Норвешка ја заменил за родната Шумадија, а фудбалскиот терен за селски имот . Тој се посветил на одгледување свињи и никогаш не зажалил за својата одлука.
Селото е мојата втора најголема љубов во животот и морам да кажам дека имав цел и план да се вратам во селото и таму да го поминам остатокот од мојот живот по спортската кариера – изјави Ѓорѓе.
Овој српски фудбалер ја освои и титулата најдобар млад фармер во Србија одгледувајќи ја автохтоната раса моравски свињи на имотот на својот дедо, која ја памети уште од мали нозе.
– Се сеќавам дека моите предци секогаш ги имаа овие свињи на фармата, а според инфраструктурата и некои детали што ни недостасуваа, одгледувањето на оваа раса свињи беше всушност првата и најдобра опција. Моравците се свињи кои не бараат многу. Морам да кажам дека ги паметам уште од моето детство, кога како мал му помагав на моето семејство, па некако ги познавам, уште тогаш научив некои работи за одгледувањето – вели Ѓорѓе.
И покрај тоа што имаше меѓународна кариера, Ѓорѓе никогаш не го запостави имотот на своите предци, тој секогаш се враќаше во татковината која носталгично ја носеше со себе насекаде во срцето.
– Секој слободен момент што го имав кога се враќав дома од Норвешка доаѓав токму овде во селото. Тоа беше можеби добар вовед во сè што правам денес. Не можеме само да играме фудбал, односно цел живот да спортуваме, па дојде моментот на одлука и кога престанав да се занимавам професионално, решив да живеам и да работам на село – изјави Ѓорѓе Исаиловиќ.
Ѓорѓе Исаиловиќ Горњи Милановац
Фото: РИНА
Најдобриот млад земјоделец на Србија, Ѓорѓе Исаиловиќ, во подножјето на планината Јешевац, повторно го дише воздухот од своето детство и го продолжува патот на своите предци.











