И додека отсекогаш се зборува за прочуените предвидувања на баба Ванга, малкумина знаат дека таа била во брак цели 20 години, како и дека пред тоа имала голема љубов со тажен крај!

Судбината на Ванга е обвиена со превез од мистерија и енигма, но постои еден важен аспект од нејзиниот живот што често се занемарува – љубовта. Имено, на 15 години искрено се вљубила во момче со кое заедно престојувала во интернат, не знаејќи дека потекнува од моќно семејство. Си се заколнале еден на друг на вечна љубов, но борбата околу наследството застанала на патот на нивната среќа. Потоа се омажила за човек кого не го сакала и со него поминала две децении. За да биде ситуацијата уште понеобична, целиот тој период нејзиниот сосед со години бил вљубен во неа, иако живеел, барем на изглед, мирно со сопругата.

Името како предодредба

Вангелија е родена на 31 јануари 1911 година во бугарско селско семејство. Новороденчето било толку слабо што нејзините родители, Панде и Параскева Сурчеви, се сомневале дека ќе преживее. Поради тоа, не ѝ дале име сè до два месеци подоцна, кога за првпат заплакала. Наскоро била крстена и добила име Вангелија, што значи „носителка на добри вести“.

Детство исполнето со маки

Детството на Ванга не било нималку среќно. На тригодишна возраст ја загубила мајка си, а потоа нејзиниот татко повторно се оженил – тоа го означило почетокот на нови маки. Со преселбата во куќата на маќеата, Ванга правела сè за да го оправда своето присуство: се грижела за домаќинството, перала, чистела, чувала деца и се трудела да јаде што е можно помалку за да ја намали трошковната тежина. Но, маќеата не попуштала – навредите, казните и малтретирањето станале секојдневие.

Advertisement

Уште од мала, покажувала чудни навики. Нејзината омилена игра била да скрие мала играчка во дворот, потоа да затвори очи и да ја пронајде само со допир. Овие „игри на слепило“ ги загрижувале роднините.

Загубата на видот

На 12 години Вангелија го изгубила видот. Се верувало дека тоа е поради силен ураган кој ја подигнал и ја фрлил стотина метри подалеку. Кога ја пронашле следниот ден, очите ѝ биле полни со песок, што довело до трајно слепило. Операцијата била прескапа за сиромашното семејство.

Сепак, новинари подоцна откриле дека во тие години воопшто немало ураган во тоа подрачје, што ја отвора вратата за друга мрачна верзија: според полициски извештај, била жртва на киднапирање, силување и осакатување од група мажи. Иако семејството никогаш не го признало тоа, таа траума можеби објаснува и зошто подоцна останала неплодна.

Првата љубов

На 15 години била испратена во Дом за слепи во Србија. Таму ја доживеала првата вистинска љубов – младиот Димитар, кој ја слушнал како пее на часовите по музика и веднаш се вљубил во нејзиниот глас. Нивното пријателство брзо се претворило во љубов.

Иако младиот Димитар потекнувал од богато семејство, поради семејни интриги бил лишен од наследство. Тој сакал да ја ожени Ванга, а таа дури и сама си сошила венчаница, но татко ѝ ненадејно ја вратил дома. Обиделе да избегаат заедно, но полицијата ги спречила. Така нивната прва љубов завршила тажно.

Брак со друг човек

Сепак, Вангелија се омажила – за друг човек, Димитар Гуштеров, со кого останала во брак две децении (од 1942 до 1962). Според една верзија, се запознале кога тој дошол на сеанса за да дознае за исчезнатиот брат. Според друга, ја видел како моли пред црква и таа му прорекла брак.

Иако формално биле сопружници, нивниот однос бил без љубов. Немале деца, а со текот на времето сè повеќе се оддалечиле еден од друг. Димитар се предал на алкохолот и починал од цироза на црниот дроб.

Тајната љубов на соседот

Еден друг маж, оженетиот сосед Иван Благој, бил тајно вљубен во Ванга. Дури станал и чувар во нејзината куќа само за да биде блиску до неа. Но неговата опсесија прераснала во ментално растројство и завршила трагично – со самоубиство.

Посвоени деца

Иако немала свои, Ванга не ја изгубила желбата да одгледува деца. Успеала да посвои мало девојче по име Виолета, а потоа и едно момче – Димитар, кое по чудо преживеало и покрај мрачните предвидувања.

Advertisement