Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за објава на национална и меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија. Притвор од 30 дена им беше определен на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами.

Во истрагата се вклучени и други осомничени за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на јавни набавки.

– Засега се шпекулира дека Артан Груби преку својот адвокат, наводно преговара со обвинителството да се врати во Македонија, но да не оди во притворот во „Шутка“. Не знам колку има вистина во овие шпекулации, но факт е дека тој, заедно со поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прперим Бајрами е недостапен за органите на прогонот.

Останува големо жалење што голем борј на луѓе едноставно ја напуштаат државата пред да бидат испрашани или уапсени од полицијата. Веројатно државата ни е многу мала, па за помалку од половина час да кажеме од Скопје може да се стигне до граничниот премин Блаце. Дознавме дека Груби ја преминал границата со возило на почесниот конзул, што значи дека тој воопшто не чекал на пасошка контрола, туку набрзина ја напуштил државната територија.

Advertisement

Тешко е да се реагира во толку мала временска рамка, но тоа не треба да биде оправдување – вели новинарот на СЛободен печат, Срѓан Ивановиќ./С.П

Advertisement