Ви пренесуваме (Постар) Ф.Б статус од Марјан Матс Петровски (Диџеј Мац)

Уште од мали ги “учите” на погрешни вредности … Им купувате скапи телефони,им давате скапи коли .. вчера возачката а денес веќе нова кола има … ги учите со 3000-6000 ден у џеб за искачање ..

Тоа материјалното преовладува повеќе од духовното … Жалосно е што ги “учите” на се погрешно или поточно НЕ ГИ УЧИТЕ на ништо … зафатени сте со телефоните во рака бетер од нив .. наместо да воспитувате .. !!!

Од дома сум искачал со 300 ден у мое време и бевме среќни пошто сендвич и сокче беше доволно за да бидеме собрани и да дружиме .. а за колата да ми ја дадат ?

Advertisement

Да .. со татко ми до мене само и никако поинаку .. е тоа е …
Има да заработиш со свои пари да си купиш што сакаш .. и телефон и кола и се со ред .. а не тате носи мама меси .. и курчење низ град .. јаки фраери или фраерки

За жал лоши времиња газат .. немате време да им кажете дека не е се во парите .. дека богат да си во душа е денеска реткост .. малите работи носат повеќе радост и среќа од големите .. ете тоа во денешно време го нема Зинати за пари,за луксуз,за курчење,за занесување и мислите дека со тоа сте успеале ??? НЕ … Ќе успеете кога сами ќе направите со ваш труд и со ваша пот.

И ќе успеете кога со љубов и добрина ќе пристапите кон работите .. кога периодите од вашите животи ќе ги користите за она што е …

На 15 год .. МИНИЧИ … на 15 год .. 3000 ден у џеб на 17 год .. повеќе шминка од Гергана .. на 17 год веќе колата од татко му … На тие години жмурка играв уште .. цццццц ама имаше кој да ме насочи и каже .. пошто воспитувањето на детето беше пред се друго

Чест на исклучоци ама АЛАЛ да им е на родителите што им посветуваат внимание на децата .. и што ставаат акцент на духовното Лоши времиња … ЛОШИИИИИ

Advertisement