Сè уште немаме податоци дека омикрон, јужноафриканскиот вид на коронавирус, е посмртоносен од видот делта. Сепак, верувам дека појавата на омикрон е чекор наназад, што можеше да се избегне доколку луѓето беа доволно вакцинирани и доколку политичарите, кога требаше да ги слушаат лекарите и научниците, носеа валидни и навремени одлуки. Омикрон се појави бидејќи нема доволно вакцинација на населението во Јужна Африка.

Ние лекарите и научниците очекувавме појава на нов сој, прашање беше само кога и каде ќе се појави. Исто така, очекувавме нова варијанта со повеќе мутации, а омикрон има дури 32 мутации. Природата уште еднаш покажа дека е попаметна од нас луѓето, бидејќи овој сој не можеше да се направи лабораториски, како што сега ќе кажат многу антиваксери, посочува проф. д-р. Андреј Трампуж, специјалист по инфектологија и интерна медицина од болницата Шарите во Берлин, пренесува Слободна Далмација.

Појавата на омикрони ќе влијае и на процентот на оние кои треба да се вакцинираат за да се победи пандемијата.

– Со појавата на видот Вухан, мислевме дека 70-75 проценти од вакцинираните ќе бидат доволни за победа над КОВИД. Меѓутоа, како што почнаа да се појавуваат други соеви и „мутанти“, така се зголеми и процентот на оние кои требаше да се вакцинираат за да се постигне колективниот имунитет. Така, со појавата на делта сојот, мислевме дека ќе треба да вакцинираме најмалку 80 проценти од луѓето, а сега со појавата на омикрон, вакцинацијата можеби ќе треба да биде 90 проценти – вели др. Трампуж.

Advertisement

Во овој момент, оние кои биле вакцинирани со две дози треба да добијат „бустер“ по шест месеци, но тоа може да се промени наскоро.

– Можно е на секои три месеци да треба да примаме „бустер“ доза, што ќе зависи од појавата на нови соеви. Со доаѓањето на омикрон, фармацевтските компании веќе почнаа да работат на нова вакцина, која ќе биде подобра бидејќи фармацевтите ќе прават вакцини кои ќе „покриваат“ нови соеви, како што е омикрон. Очекувам вакцината да се направи за шест недели бидејќи постоечката вакцина ќе треба само да се надгради.

Но, додека вакцината излезе на пазарот, ќе бидат потребни најмалку шест месеци бидејќи треба повторно да се спроведат клинички студии, така што очекуваме за околу половина година да се поднесе барање за итна дозвола за ставање на нова вакцина на пазар. Сепак, за шест месеци ќе биде доцна за четвртиот бран. Затоа сега треба да се вакцинираат што повеќе луѓе, за да се спречи доаѓањето на нов сој за кој можеби немаме одговор.

Луѓето си играат, сè уште не веруваат во потребата од вакцинација, а јас и моите колеги лекари и научници се чувствуваме како папагали. Постојано го кажуваме истото, го повторуваме истото, а луѓето не слушаат, барем не во доволна мера, вели д-р Трампуж.

Инфектологот Трамуж се надева и очекува дека КОВИД, штом има доволно вакцини, ќе стане нешто слично на грипот, како сезонско заболување.

– Да, сепак, за да го постигнеме тоа треба да се поделиме, треба да стекнеме колективен имунитет. Сега имаме четири видови на грип во светот и за нив секоја година имаме вакцина. Така ќе биде и со КОВИД, само треба да се вакцинираме, да спречиме појава на нови мутации, кои ги постигнуваме со вакцинација. После тоа, на пример, ќе имаме четири соеви на КОВИД, за кои ќе имаме вакцина, а потоа ќе ја држиме под контрола оваа болест, како и грипот – заклучува проф. д-р Андреј Трампуж.

Advertisement