Дали некогаш сте пробале мариниран кромид? Ако не, сега е вистинското време! Едноставно треба да наполните неколку тегли со овој зеленчук и уште неколку минимални состојки – подготовка која ќе ви одземе неколку минути, а ќе добиете неодолив вкус!

Мариниран кромид во оцет

  • Состојки
  • 500 гр црвен кромид
  • 250 мл вински оцет
  • 140 гр шеќер

    Начин на подготовка
    Најпрво излупете го кромидот (може да земете и бел кромид). Потоа исечете го кромидот на полумесечини и поставете го во теглите.

  • Во одделно тенџере, исипете го оцетот, додадете го и шеќерот и поставете ја смесата на оган. Може да додадете каранфилче, неколку зрна црн пипер или дури ловорови листови. Но, и без овие состојки, маринадата ќе биде одлична и вкусна!

    Оставете ја маринадата да зоврие, а потоа полејте го кромидот со врелата маринада.

    Advertisement

    Изладете ја теглата до собна температура и складирајте ја во ладилникот.

    Тоа е сè!

    Advertisement