Професори од Нов Зеланд спровеле студија која покажала дека консумирањето сок од црна рибизла значително го подобрува здравјето на човечкиот мозок и му овозможува да се бори против разни болести, јавува Anadolu Agency (AA). Студијата објавена во научното списание Journal of Functional Foods наведува дека сокот од црна рибизла ја стимулира функцијата на мозокот.

Научниците три недели следеле 36 лица на возраст од 18 до 35 години, чија задача била еднаш неделно да пијат чаша од 140 милилитри сок од црна рибизла пред да направат серија тестови. Резултатите од студијата покажаа дека главната причина што ги стимулира функциите на мозокот е антоцијанот, природен пигмент кој се наоѓа во црните рибизли и другите бобинки.

Се испостави дека консумирањето сок од црна рибизла имало многу позитивни ефекти врз когнитивните способности на учесниците, и тоа само еден час

по апсорпцијата.

Advertisement

Истражувањето го спроведоа професори и научници од Институтот за истражување на растенија и храна во Нов Зеланд и британскиот универзитет Нортамбрија.

Advertisement