ОВОЈ СИРУП ОД СУВО Е ЧУДО: Заштитува од настинки, вистински еликсир на здравјето во една кафена лажичка! (РЕЦЕПТ)
Овој сируп од сушено овошје, сок од лимон и мед помага во зајакнување на имунолошкиот систем, што е особено важно во сезоната на вируси и настинки.

Земете 1 лажичка дневно. Сувото грозје е одличен извор на енергија, сливите се богати со антиоксиданси, сувите кајсии се извор на влакна и минерали, бадемите се богати со масни киселини, а оревите се богати со хранливи материи.Исто така, овој сируп содржи цветен мед кој е ефикасен во борбата против инфекции..

Состојки :

  • 50 гр суво грозје
  • 50 гр суви сливи или урми
  • 50 гр суви кајсии
  • 30 гр бадеми
  • 50 гр ореви
  • 70 гр цветен мед
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • кора од 1 поголем лимон

    Подготовка:
    Сите состојки исечкајте ги во блендер освен сокот и кората од лимон. Додадете ги на крајот и добро измешајте. Истурете во тегла.

    Advertisement
    Advertisement