Промени во урината кои укажуваат на проблем
Состојбата на урината многу говори за нашето здравје, па многу е важно навремено да ги забележите следниве симптоми:

Заматена урина

Дијагноза: бактериска инфекција, особено доколку има лош мирис или ве пецка додека мокрите. Заматеноста на урината е биопродукт на клетките од белите крвни зрнца кои се борат против габите.

Крв во урината

Advertisement

Крвта во урината може да биде симптом на зголемена простата или камен во бубрегот, но дури и сигнал за рак.

Пенлива урина

Ова упатува дека имате премногу протеини во урината, што значи дека вашите бубрези не ја работат својата работа како што треба. Овој симптом може да биде знак за почеток за развој на дијабетес или болести на бубрезите.

Урина со кафена или боја на рѓа

Ова упатува на бактериска инфекција. Крвта понекогаш може да изгледа кафено. Истата промена на бојата може да биде предизвикана и од билирубинот, биопродукт на црниот дроб, кој упатува на болест на црниот дроб.

Advertisement