Доколку немате габична инфекција, за сува и испукана кожа на стапалата можете да користите хидратантни млека за тело, со акцент на бадемовото млеко.

Исто така, кремите, маслата и мелемите од невен имаат регенерирачко и хидратантно дејство. Доколку забележите црвенило или ширење на пукнатини, консултирајте се со дерматолог. Редовна нега, секојдневно туширање или натопување на нозете во млака вода е важно. Избегнувајте да ставате сол во водата. Ова ќе помогне во процесот на одмор на уморни нозе, проширени вени и општо смирување на телото доколку сте преморени или под стрес.

Мелем од мед и аспирин

Скршете 4 таблети аспирин и додадете 1 лажица мед. Добро измешајте ја масата, држете ја на стапалата до 30 минути, а потоа измијте ја со млака вода и неутрален сапун.

Advertisement

Банани

Две презрели банани добро изгмечете ги и нанесете ги на испукани пети. Ќе се изненадите колку брзо сувата и испукана кожа ќе ја впие оваа смеса. Исплакнете со топла вода и масирајте со салфетка.

За нега на сериозно испукани пети

Во сад со топла вода истурете 100 ml средство за миење уста и 100 ml јаболков оцет. Третманот повторувајте го неколку вечери по ред и ќе забележите позитивни ефекти.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

Advertisement