Најмалку 56 луѓе ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од обилните дождови во североисточниот дел на Бразил.
Уште 56 лица се водат како исчезнати, а најмалку 25 се повредени, изјави бразилскиот министер за регионален развој Даниел Фереира, пренесува Си-Ен-Ен.
Повеќе од 3.900 луѓе ги загубија своите домови поради разорните дождови, додаде тој.
Властите во државата Алагоас претходно објавија дека две лица ги загубиле животите во поплавите предизвикани од дождот.
Некои од смртните случаи се предизвикани од лизгање на земјиштето во пошироката област Ресифе, соопшти цивилната одбрана на бразилската држава Пернамбуко, која ги повика жителите кои живеат во области со висок ризик да бараат засолниште на друго место.
Во самиот град Ресифе отворени се училишта за сместување на раселените семејства.