Брокард (38) е текстописец од Оксфордшир и се вљубила во Едвард, за кој вели дека е дух на викторијански војник. Според неа, Едвардо се појавил во нејзиниот дом и оттогаш се заедно. Како и сите парови, и тие имаат несогласувања, но генерално се исклучително среќни.

„Едвард и јас моментално се караме околу датумот на венчавката“, вели Брокард. „Сакам свадба во текот на летото, но тој ја мрази жештината и не го имаме често тука да се договориме.

“Не успеваме да постигнеме заеднички договор со недели. Се колнам дека се претвори во лудак и неговата листа на барања расте секој ден. Едвардо отсекогаш бил темпераментен, но свадбата изгледа го извлекува најлошото од него“, објасни Брокард.

Тие двајца комуницираат на необични начини. Таа тврди дека често и испраќа мистериозни пораки додека се тушира.

Advertisement

„Едвардо сè уште остава мали пораки под туш – ми испраќа понекогаш студени, а понекогаш топли чувства низ моето тело. Секогаш кога имам прашања за него, тој наоѓа начин да ми одговори”, тврди таа.

Меѓутоа, бракот со дух се покажал како тешка задача. Парот бил одбиен од бројни цркви, бидејќи институциите таа врска ја гледаат како богохулство. „Да се ​​најде место за церемонијата е исклучително тешко“, забележува таа.

„Не избркаа од неколку цркви и веќе ни се заканија со егзорцизам“, вели таа и додава дека сака голема свадба иако нејзиниот вереник се плаши од црковни венчавки.

Брокард тврди дека некои свештеници веруваат во паранормални активности, но дека не можат јавно да зборуваат за своите ставови.

„Ова не е типична романса, ова е нешто друго. За нас не важат редовните правила“, додаде таа.

Невестата дури дизајнирала и венчаница, но и свечен костум за нејзиниот иден сопруг, во викторијански стил. Исто така, списокот на гости е голем проблем, бидејќи пријателите на Едвардо не се меѓу живите.

„Што е уште полошо, неговиот кум е „заглавен во пеколот““, тврди таа. Со цел на оваа свечена церемонија да и дадат допир на раскош и гламур, парот решил да ги покани духовите на познатите личности, како Мерлин Монро и Елвис Присли.

Според зборовите на идната невеста, Едвардо ја запросил во ноември 2021 година кога на нејзината перница пронашла дијамантски прстен откако се скарале. Сепак, Брокард и понатаму е лута на својот вереник, бидејќи не ги плаќа редовно сметките.

Она што навистина ме нервира е тоа што секогаш ги плаќам сметките, но не трошам многу на него бидејќи не јаде и не пие во јавност .Му реков дека сакам да ме однесе на страстен состанок, но тој само ми одговори дека тој секогаш е таму – каде и да оди таа“, заклучи Брокард.

Advertisement