За хармоничен развој на детето, потребни се и таткото и мајката, но за емоционалниот развој на ќерката е многу важно што ѝ зборува нејзиниот татко и како се однесува…

Таткото игра огромна улога во животот на ќерката. Тој е нејзината „прва љубов“, заштита и сигурност. Тој ја учи како да комуницира со мажите, ја учи на кои чувства од страна на мажот може и треба да смета.

Во првите години, таткото за ќерката е цел еден свет.

Ова се петте фрази кои секоја девојка треба да ги слушне од својот татко:

Advertisement

1. Преубава си

Кога првиот маж во животот (а, тоа е таткото) ќе даде комплимент, тој на неа делува благотворно.

2. Те сакам

Оваа фраза треба да ја слушнеме сите, а особено едно мало девојче.

3. За што размислуваш? Дали можам нешто да ти помогнам?

Разговорот со вашата ќерка додека е помладата е гаранција за добар однос во годините што следуваат.

4. Го заслужуваш најдоброто

Фраза која влијае на самодовербата. Со таквиот став ќерката полесно ќе се снајде во животот, ќе прави вистински избори и ќе се почитува себе.

5. Ќе успееш

Вербата на таткото во способност на неговата ќерка, ѝ дава доверба во сопствениот успех, ѝ дава мир и сила. Поддржете го своето дете, тоа ќе му годи за во иднина.

Односот со таткото во голема мера ја одредува иднината и семејниот живот на ќерката. Таа гледа како таткото се однесува кон нејзината мајка и така учи каков сопруг треба да бара. Често девојките потсвесно одбираат мажи кои личат на нивниот татко.

Таткото за ќерката е цел свет, а ако тој свет ја прифати и сака, тогаш таа ќе израсне исполнета со љубов и ќе може таа љубов да им ја даде и на другите.
фото: unsplash.com

Advertisement