Сите знаеме дека двете најздрави намирници во светот се лукот и медот! Ако го започнете денот со оваа мешавина, вашето тело ќе ви се заблагодари.




За да одредиме што научивме досега: Сировиот лук помага во намалување на крвниот притисок и холестеролот, во превенција од срцеви заболувања и срцев удар.




Одличен е и за намалување на последиците од атеросклероза, а ги олеснува и проблемите со висока температура, треска, дијареа, настинки и грип, како и габични инфекции. Ги ублажува и симптомите на дијабетес, зголемена простата и остеоартритис. Згора на се, имунитетот се крева.




Како да го користите? Лукот најдобро се консумира сиров доколку го консумирате поради здравствени проблеми. Едноставно смачкајте го, оставете го да отстои 15 минути и потоа изедете го. Важно е да го изгмечите бидејќи само така ќе активирате реакција која ја зголемува содржината на алицин во него.




Исто така, се препорачува да се јаде сиров лук на празен стомак, бидејќи на тој начин сите корисни состојки полесно ќе се апсорбираат во организмот.




Суров лук и мед – најмоќната комбинација од природата
Ќе ви требаат:1 главица лук, 300 грама мед
Подготовка : Во стаклената тегла во која се наоѓа медот, ставете ситно сечкан лук. Можете да го процедите и преку преса. Се меша и се чува на суво и темно место.




Секое утро земајте по една мала лажица од оваа смеса.
Ова е идеален лек за зајакнување на имунитетот, но и за прочистување на целото тело, вклучувајќи ја и кожата. Оние кои редовно го пијат секое утро на празен стомак ќе видат дека имаат многу повеќе енергија и дека целото тело им работи подобро.




Овој лек се препорачува да се зема една недела. Потоа направете пауза и повторете по потреба.