Започнете го утрото со овој пијалок.
Кафето само по себе е добар сојузник во слабеењето, но може да биде уште подобро.
Кафето ќе ви го забрза метаболизмот,а доколку редовно вежбате и правилно се храните, многу брзо ќе го доведете до совршенство.
Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека најдобро е да се држиме до обичното, црно кафе без додадено млеко и шеќер, бидејќи на тој начин внесуваме непотребни калории.Таа исто така советува еднаш дневно да додавате малку цимет во кафето.
Таа со личен пример утврдила колку е моќно кафето во комбинација со цимет.Имено, секое утро таа додавала по една кафена лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок. За еден месец забележала значителна разлика во тежината.
Таа успеа да ослабе 4 килограми и да се ослободи од салото кое со години го имаше на стомакот.
„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото“, објаснува Ричардс и на тој начин доведува до топење на масните наслаги.
„Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до тоа да согориме повеќе калории.Освен тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разни суплементи кои можат да го направат истото“, објаснува таа.
Напоменува и дека ова не е волшебна напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекција на исхраната и воведување физичка активност.
СТИЛ КУРИР .РС.