Раководителите на продавницата Лидл во Нордерштет, Германија, накратко продавале сончогледово масло само на клиенти постари од 18 години.

Се одлучиле на ваков драстичен потег со кој го предизвикале гневот на граѓаните бидејќи многу родители ги праќале децата во продавница по масло откако претходно купиле шише масло, пишува магазинот Феникс.

За потсетување, поради недостиг на масло во продавниците може да се купи само едно шише масло по домаќинство.
Казнети 205 возачи за брзо возење

„Во Лидл во Нордерштет (Шлезвиг-Холштајн), неколку клиенти се обидоа да го заобиколат ова правило и ги испраќаа своите деца поединечно на каса за да добијат повеќе шишиња сончогледово масло. Затоа, менаџерите на продавниците мораа да реагираат со забрана за продажба на сончогледово масло на деца“, велат од таа филијала на Лидл.

Advertisement

Веста брзо се раширила на социјалните мрежи, а многу клиенти изразиле огорченост и гнев поради постапките на Лидл. Сепак, има и такви кои ги критикуваат клиентите кои на овој начин сакаат да добијат повеќе шишиња масло.

На крајот се огласи компанијата на Лидл Груп, која не ја поддржа ваквата постапка на нејзината подружница и веднаш ја повлече спорната мерка.

„Ги замолуваме нашите клиенти за разбирање и сакаме да се извиниме за непријатностите. Мерката е веднаш повлечена“, велат од Лидл Груп.

Advertisement