Во овој случај важи правилото дека помалку е повеќе, без разлика колку чини
Уличната мода кажува многу за градот. Тоа е микс на лични стилови на секој од нас. Трендовите, брендовите и разликите спакувани во опуштена „улична мода“ отсекогаш ги интересирале модните фанатици.
Млада новинарка која на Инстаграм се претставува како „dvdoublevanilla“, секојдневно објавува видеа од скапи модни комбинации на жени кои ги среќава на улиците на Милано, Њујорк и Париз.
Едно од нејзините видеа ни го привлече вниманието, бидејќи оваа девојка шеташе по улиците на Њујорк во комбинација од 300.000 евра (335.000 долари).
Што носи таа што е толку скапо?
Па да почнеме по ред.
Комплетот е од Зара и чини 100 евра, очилата Луј Витон 400 евра. Дијамантски обетки вредни 7.000 евра на нејзините уши, а околу вратот ланче Cleef од 3.000 евра.
На раката носи алки од Картие од 70.000 евра, има и дијамантски прстен од 15.000 евра, како и чанта Шанел од 7.000 евра и часовник Audemars Piguet од бедни 170.000 евра. Папучите на Хермес чинат 500 евра.
Сè на неа изгледа мошне стилизирано и на прв поглед „скромно“, па можеби повеќето луѓе не би ни забележале дека оваа жена носи толку скапи работи. Но, во овој случај важи правилото дека помалку е повеќе, без разлика колку чини.
Како ви се допаѓа аутфитот од 300 илјади евра?