Грчевите се силни, болни мускулни контракции кои се појавуваат ненадејно и траат од неколку секунди до неколку минути. Најчесто се јавуваат во нозете и можат да се појават во секое време од денот. Тие често се јавуваат како резултат на недостаток на минерали и витамини во телото.
Доколку грчевите се појавуваат многу ретко, немате за што да се грижите, но доколку се појавуваат често, спонтано, дури и кога сте во мирување, потребно е да се утврди причината за нивното појавување и да се преземат одредени мерки за да се ослободите од нив.
Дали знаевте дека обичниот глицерин може да биде многу корисен ако имате грчеви во нозете? Можеби ќе се изненадите, но примената на глицерин е многу широка. Тој може да ви помогне во најнеочекуваните ситуации.
Глицерин против грчеви во нозете
Глицеринот е проѕирна течност која се користи како компонента во производството на сапун и други средства за лична хигиена.
Купете шише глицерин во аптека и втријте го на мускулите на нозете како што би втриле млеко по телото. Втријте го глицеринот со лесни движења, а потоа легнете да спиете. Благодарение на глицеринот, грчевите нема да ви пречат навечер, а вашата кожа ќе биде мека и нежна.
Глицеринот е најлесниот начин да се ослободите од грчевите во нозете ноќе за секој што страда од нив.
За да се ослободите од болката, направете го следново:
Кога ќе се појави спазам во ногата, обидете се да ги фатите прстите со раката и остро повлечете ги кон себе. И покрај болката во ногата, обидете се да ја задржите во таа положба. Во исто време, масирајте го мускулот на потколеницата. Болката наскоро ќе помине.
Луѓето склони кон грчеви во мускулите на нозете мора редовно да ги вежбаат стапалата со истегнување во текот на денот, со што се опуштаат мускулните влакна и се спречува појавата на грчеви.
Терапијата треба да биде ограничена на спречување на прекумерен замор, надополнување на течности и електролити и соодветна исхрана. Земањето магнезиум ја ублажува болката бидејќи помага веднаш да се опуштат мускулите, но и долгорочно.











