Сопственикот на Змијата верува дека се работи за случајно голтање.
Има една морничава приказна за Стивен Кинг за човек кој завршува сам на пуст остров, а единственото нешто што морето го исфрла со него е нож и солидна количина на дрога. Човекот, хирург по професија, на крајот станува толку луд што почнува да се јаде. Не е познато дали тоа и се случило на една змија, која била пронајдена со опашката во стомакот, но сцената е секако необична.
Авторот на видеото и сопственикот на змијата, Роб Кларк, ја спасил ситуацијата со некое средство за дезинфекција на рацете, чиј мирис предизвикал змијата да ја пушти сопствената опашка. Тој верува дека се работи за случајно голтање – овој тип на змија ги јаде другите, па очигледно и се случило да помисли дека тоа е друга змија, а не нејзината опашка.
– Некои мислат дека овие работи се случуваат поради стрес, глад или високи температури, но мислам дека тука ништо од тоа не е случај. Оваа змија живее во заробеништво, каде и е обезбедена соодветна температура и редовни оброци.
За среќа, таа многу брзо се опорави од оваа случка и сега се е во ред со неа. Морам да признаам дека ова ми е прв ваков случај, а ваков тип на змија имам со години – напишал Роб под видеото.