четкањето на забите може да биде причина за жолтата нијанса на нив.




Редовното четкање на забите несомнено е неопходно за здрави и бели заби, но ако направите една грешка, колку и да ги четкате, нема да ја достигнете белата нијанса што ја сакате.




Имено, многумина сакајќи забите да им бидат побели, силно ги тријат забите со четка , а како што тврди стоматологот д-р Тристан Пех, токму тоа е грешката поради која забите ја губат белината.




Како што објасни во видеото објавено на TikTok, забите се природно жолти поради внатрешниот слој на дентинот, а поради силно триење на забите со четка се отстранува надворешниот бел слој, забната глеѓ, а дентинот, жолтиот слој, излегува на површината. Поради ова, забите не само што стануваат потемни, туку и почувствителни.




„Нежно тријте ги забите и користете мека четка“, советува стоматологот.











