Лимонот е богат со витамини Ц, А и Б, бакар, манган, калциум, калиум, магнезиум и моќни антиоксиданси, а како таков е добар за кожата, па дури и за внатрешните органи.




Истражувањата покажаа дека ставањето исечени лимони покрај креветот навечер може да ги подобри респираторните проблеми, како и квалитетот на воздухот и спиењето.




Благодарение на неговите детоксикациски и антибактериски својства, лимонот е природен прочистувач на воздухот и го подобрува самиот квалитет на воздухот. Неговиот мирис може да помогне во намалување на чувствата на стрес, како и проблеми со затнат нос. Мирисот на агруми ќе ги отвори дишните патишта и ќе ви помогне полесно да дишете, а со тоа и полесно да заспиете.




Покрај тоа, вдишувањето на мирисот на лимон за време на спиењето може да ги намали болките, како што се главоболките и ревматоидниот артритис, а познати се и неговите својства за регулирање на циркулацијата и намалување на крвниот притисок, што е и научно докажано.




Ова се добри причини зошто дефинитивно треба да се обидете да ставите лимон до креветот пред да одите во кревет.




Едноставно исечете го лимонот на четвртинки по должина, ставете го на чинија или во сад и оставете го до креветот, пишува Прва.рс.
Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











