Тој е одличен природен лек и вистински чувар на нашето здравје

Ловоровите листови се многу повеќе од зачин за храна и билка со пријатен мирис. Дали знаевте дека скромниот ловор го подобрува варењето, го чисти дигестивниот систем од токсини и ги намалува гасовите и надуеноста?

Свежите листови на овој ароматичен зачин содржат фитонутриенти, катехини и линалол – моќни материи кои силно делуваат против слободните радикали и со тоа го намалуваат ризикот од многу дегенеративни болести.

Кандида, ешерихија

Advertisement

Овој зачин со пријатен мирис има силни антибактериски својства и помага во борбата против некои патогени, првенствено салмонела и ешерихија коли. Исто така, го потиснува растот и репродукцијата на габите и е ефикасен против кандида.

Дијабетес тип 2

Ловоровиот лист го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачува и за луѓето кои страдаат од дијабетес. Редовното консумирање може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, па дури и од кардиоваскуларни болести, бидејќи го зајакнува срцето и крвните садови.

Варење

Дејствува и како диуретик, го чисти дигестивниот систем од токсини и содржи ензими кои помагаат во намалување на надуеноста и гасовите и го стимулираат варењето. Исто така, се покажа како добра помош за луѓето кои страдаат од целијачна болест, како и оние кои страдаат од синдром на нервозно дебело црево.

Чај против настинка

За да го подготвите чајот неколку ловорови листови прелијте ги со 2,5 dl вода и варете 5-10 минути. Оставете да отстои малку, па процедете.

По желба, во чајот додадете малку мед и свежо исцеден сок од лимон. Одличен е за настинки, бронхитис и јакнење на имунитетот, а обичниот чај од ловор без мед и лимон може да се користи и за инхалација при синузитис.

Advertisement