Човечката интелигенција е сложена ментална способност која се однесува на начинот на кој разбираме, планираме, решаваме проблеми и учиме, како кај возрасните така и кај децата.

Луѓето имаат тенденција да ја поврзуваат интелигенцијата со академските достигнувања или образованието, но тоа не е баш така. Интелигенцијата е многу поширок поим кој вклучува расудување, решавање проблеми, апстрактно размислување, брзо учење и учење од искуство.

Интелигенцијата подразбира способности што му се потребни на човекот да се прилагоди и да ги надмине пречките во својата средина, а не само да решава интелектуални задачи.

Новото истражување спроведено од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека најинтелигентните луѓе се оние кои често се расеани и имаат тенденција да го губат фокусот од секојдневните работи.

Advertisement

Ова, како што рекоа психолозите, е подеднакво применливо и за интелигентните деца, кои се повеќе расеани од нивните врсници со просечен коефициент на интелигенција.

Децата кои имаат висок интелектуален потенцијал имаат поголеми потешкотии да се концентрираат, што делумно се должи на стотиците идеи кои истовремено циркулираат во нивните мали мозоци.

Интелигентните деца се повеќе расеани

Споменатата студија ја објави „Journal of Neuroscience“. Таа покажала, тврдат истражувачите, дека најпаметните луѓе се оние кои имаат повеќе сива материја во горниот фронтален лобус. Тие се и најмногу расеани.

Колку и да звучи чудно, токму резултатот на вишокот неврони го спречува одржувањето на концентрацијата кај паметните деца. Според коавторот на студијата Ројт Канаи, овие луѓе се со поголема веројатност да бидат одвлечени од други идеи кои им се вртат низ умовите кои не се поврзани со ситуацијата во која се наоѓаат.

Во истражувањето учествувале 145 луѓе на возраст од 18 до 32 години, а резултатите покажале дека постојат разлики во мозокот меѓу оние кои можеле да го задржат вниманието и оние кои имале потешкотии да го направат тоа.

Тие забележале дека бројот на неврони во горниот фронтален лобус на левата хемисфера е обратно поврзан со способноста да се концентрира. Значи, колку е поголема количината на сива материја во таа област, толку е поголем степенот на одвлекување.

Како што созрева мозокот, одредени нервни врски се уништуваат додека други се зајакнуваат. Овој феномен се нарекува „синаптичко кастрење“ и тоа е она што овозможува подобра концентрација на некоја акција. Поради оваа причина, истражувачите тврдат дека детскиот мозок полесно се одвлекува од возрасните, поради поголемиот број на нервни врски во горниот фронтален лобус.

Како да ги препознаете најинтелигентните

Особено интелигентни деца се оние чии когнитивни способности се повисоки од очекуваните за нивната возраст. Овие деца обично остануваат незабележани бидејќи нивните оценки честопати не се толку добри. Дури и на час им е здодевно, не наоѓаат мотивација во предметите, а во повеќето случаи го имаат проблемот со „расфрланото внимание“.

Истражувањата покажаа дека некои од овие особини се карактеристики на најинтелигентните деца: тие брзо учат, многу се енергични, имаат многу богат речник за нивната возраст, имаат извонредна меморија, нивното размислување е интуитивно, апстрактно и сложено. сакаат загатки и бројки, лесно им се одвлекува вниманието, чувствителни се, стануваат нетрпеливи кога ќе видат дека другите напредуваат побавно од нив…

Карактеристиките на особено интелигентните деца се дека тие се нагласено љубопитни, креативни, имаат повеќе интереси и се многу витални.

Advertisement