Овој сируп е многу здрав и наменет за луѓе со слаба крвна слика. По една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци крвната слика ќе ви биде одлична.




Освен што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло за многу кратко време значително го зајакнува имунитетот, а сето тоа благодарение на големото количество минерали и витамини што ги содржи.




Покрај протеините, мастите и јаглехидратите, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, бром и други. Содржи и витамини Б1, Б2, Ц во големи количини, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.




Антоцијанот ја дава црвената боја на цвеклото, а во исто време влијае на регенерацијата на крвта, а постојат и студии кои велат дека има антиканцерогено дејство.




Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските.
Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги чисти крвните садови и ја стимулира функцијата на црниот дроб.
За да подготвите сируп од цвекло ќе ви требаат:
- 1 кг цвекло
- Половина килограм моркови
- 2 портокали
- Половина килограм кисела јаболка
- 1 лимон
- 500 грама домашен мед




Подготовка:




Цвеклото, морковите и јаболката излупете ги и исечете ги на ситни парчиња и ставете ги во соковник. После тоа, додадете сок од портокал и лимон и мед. Сè добро измешајте и истурете во стаклено шише.
Пијте го овој сируп секое утро на празен стомак, околу 1 dcl разреден со вода
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!