Според фенг шуи, секоја куќа е поделена на одредени зони. Некои се наменети за љубов во домот, други за удобност и среќа, а некои за благосостојба. Доколку сакате да ги зголемите приходите и да го ослободите протокот на изобилство енергија во вашиот дом, тогаш треба да се фокусирате на катчето за пари, но и да посветите посебно внимание на местата каде што чувате или заштедувате пари, пишува Sensa.




Во секоја куќа, југоисточниот сектор е одговорен за материјалната благосостојба. Токму во тој дел од домот треба да се чува и постојано да се надополнува „свинчето“. Експертите за фенг шуи истакнуваат дека кога ќе се вратите дома во овој конкретен сектор од домот, не би било лоша идеја да го оставите вашиот паричник за да привлечете нова енергија на изобилство. Исто така, тука можете да ги ставите парите што сте ги добиле за некои заслуги или нови достигнувања на работа.




Со растенија треба да се збогати и југоисточниот дел од домот, кој е задолжен за поволни финансии, па според фенг шуи, во овој дел од домот треба да се чува парично дрво, зелени растенија или виолетови цветови. Со елементот Вода ќе го зголемите ефектот на зоната на богатство. Ставете сад со вода, мал аквариум или украсна фонтана во југоисточниот сектор на домот. Можете да користите фотографии кои прикажуваат водопади, длабоки реки, мориња и океани.




Во овој дел од домот користете предмети во златна и црвена боја, а можете да поставите и одредени талисмани како фигурини од фенг шуи, аквариум со златна риба или едноставно да декорирате со парички. Во традицијата на фенг шуи се прават разни чаре, како вазна со богатство.




Ако поради некоја причина не можете или не сакате да чувате пари во југоисточниот дел од домот, тогаш чувајте ги паричникот и касичката на таканаречените power point во домот. Ова се местата во куќата каде што се чувствувате најубаво и најпријатно и кои зрачат со позитивна енергија.











