Верувале или не, една мала промена во домот може да направи вашиот простор да се чувствува многу потопол. Најдобро од сè, тоа не бара апсолутно никаква потрошувачка на енергија.

Имено, стручњаците открија за каков трик се работи, и тој е потполно бесплатен. Ви треба само малку труд и креативност.

Што треба да направите?

Потребно е да го преместите мебелот и да направите ново „средување“ во собите, бидејќи големите парчиња мебел пред радијаторот го блокираат преминот на топлиот воздух и го впиваат. Во превод, вие го загревате каучот, не луѓето што седат на него, ниту остатокот од собата.

Advertisement

Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да ја направите куќата потопла. На овој начин ќе заштедите и на сметките за струја – изјави еден од експертите.

Софите, троседите, масите и полиците за книги можат да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да спречат да циркулира низ просторијата. Преместувањето на големи парчиња мебел за да не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просториите да бидат потопли – додаде друг.

Advertisement