Гелот и сокот кои ги содржи ова растение станаа популарен природен лек кој се користи за лекување на многу заболувања и состојби, од проблеми со кожата до дигестивни проблеми.

Алое верата е позната по своите лековити својства најмалку 6.000 години. На почетокот, оваа билка ја нарекувале „билка на бесмртноста“, а денес алое верата има цела индустрија зад себе. Нејзините сокови се користат во козметиката и производите за лична нега, како што се хидратантните креми, сапуните, лосионите за сончање и многу друго.

Кој дел од алое верата е лековит?

Постојат два медицински корисни делови на ова растение. Првиот е гелот кој ја исполнува целата внатрешност на листот. Овој гел се екстрахира од растението и најчесто се користи за лекување на изгореници и разни кожни заболувања. Гелот може да се купи во течна форма или во форма на капсули за орална примена.

Advertisement

Друга супстанција која ја произведува растението се нарекува латекс. Тоа е жолта пулпа која се наоѓа веднаш под надворешната површина на листовите на растението. Се покажало дека оваа состојка има лаксативни својства и обично се зема орално против констипација.

Алое верата содржи околу 240 лековити состојки и над 20 витамини, минерали и антиоксиданти. Делува против вируси, паразити, бактерии и габи. Се користи за зајакнување на имунитетот како превенција, но и за лекување на некои конкретни здравствени состојби.

Здравствени состојби кои ги лекува алое верата:

– Констипација (запек) – латексот содржи алоин, кој на ова растение му дава лаксативни својства и кој може да ја ублажи констипацијата. Секогаш барајте производ на база на алое кој ја содржи оваа состојка.

– Третман на кожни состојби, како псоријаза и акни – кремите на база на алое вера имаат смирувачки ефект на кожата и докажано е дека помагаат во намалување на чешањето и воспаленијата.

– Заздравување на раните – алое верата може да ги ублажи изгорениците од прв или втор степен. Во прегледот на 4 контролирани клинички испитувања во кои биле вклучени 371 пациент со изгореници од сонце, истражувачите откриле дека времето на заздравување на раните кај пациентите кои нанесувале алое на кожата е околу 9 дена пократко отколку во контролната група.

– Дигестивни проблеми – Во една пилот студија, истражувачите откриле дека стандардизираниот екстракт од алое вера во сируп намалува неколку симптоми на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), вклучувајќи жиговина, подригнување и повраќање.

– Намалување на шеќерот во крвта – претходна клиничка студија покажала дека пиењето на 2 лажички сок од алое вера дневно во текот на 2 недели може да го намали нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2. Исто така доаѓа и до намалување на нивото на триглицеридите. Дијабетичарите се изложени на зголемен ризик од развој на срцеви заболувања, кои се поврзани со покачени триглицериди и холестерол во крвта.

Advertisement