Најпозната како состојка за освежувачки чај, жалфијата пред откритието на антибиотиците била спас кај сите видови воспаленија.

Списокот на состојбите во кои може да помогне е долг, а таа им дава одличен вкус и на многу од јадењата, а дел е и од кремите за нега на кожа и шампони против првут.

Готвачите ја препорачуваат како важна состојка на маринада за свинско месо, јагнешко месо и риба, неретко е и на списокот на потребни намирници за подготовка на варени јадења, но и скара, но пред откритието на антибиотиците немало поважна билка од жалфијата.

Чајот од листовите на оваа билка се корисни за воспаление на грлото, воспаленија на внатрешните органи, габични инфекции.

Advertisement

Во медицинска смисла, може да се каже дека жалфијата е антибиотик со широк спектар на употреба.

Се применува и за регулирање на потењето, при топлинските бранови во климакс, кај нарушување на менструалниот циклус, за јакнење на нервите, за прочистување на црниот дроб, при ревматизам.

Листовите од жалфија се користени и за чистење на забите, а денес често екстрактот од жалфија се додава во пастата за заби.

Како зачин во јадењата може да влијае и на процесот на варење. Жалфијата се применува и за релаксација, при нервоза и напнатост.

Се применува како општ тоник при замор, ослабнат имунитет, слаба концентрација.

Advertisement