Она што на сите нам ни треба е силен имунитет со кој ќе се избориме против вирусите кои демнат од сите страни. Но, многу често не успеваме да се одбраниме од нив. За среќа, постојат некои начини кои по природен пат ги лечат настинките.

Лек против силна кашлица – Во шолј зовриено млеко ставете половина лажичка жалфија. Оставете да врие точно три минути, а потоа додајте лажичка маст и половина лажичка сода бикарбона. Сето тоа помешајте го и пијте со мали голтки. Дневно смеете да испиете до три шољи. Секогаш консумирајте го овој лек веднаш по подготовката.

Рецепт против упорна сува кашлица – Земете еден портокал и добро измијте го со вода и сода бикарбона, а потоа ситно исецкајте го заедно со кората. Посипете го портокалот со шеќер и варете половина час. Од овој сируп земајте по една или две лажици кога ќе почувствувате напад на кашлица.

Јаболки и кромид против кашлање – Изрендајте јаболко и кромид, па додајте мед (сите состојки да бидат во еднакви количини). Од оваа смеса земајте по една лажица неколку пати на ден.

Advertisement

Сок од кромид со шеќер – Доколку кашлицата не престане, исчистете една главица кромид и посипете ја со лажица шеќер. Процедете го сокот кој ќе се појави и пијте по една лажица три пати на ден, 20 минути пред оброкот. Можете да направите и сок од кромид со мед, кој се прави со размер 1:2, а се пие по една лажица 3-4 пати дневно, 30-40 минути пред јадење.

Шербет – Во тенџере на тивок оган ставете една шоља шеќер и оставете го да се растопи. Кога шеќерот ќе се карамелизира додајте една или две шољи вода, па мешајте додека да се растопи карамелизираниот шеќер. Додајте малку ѓумбир и сок од лимон. Пијте по две лажички три пати дневно.

Ловоров лист против кашлица – Во половина литар вода додајте 150 грама шеќер, а кога ќе зоврие додајте 10 листови ловор и варете уште половина час. Извадете го ловоровиот лист, а смесата ставете ја во тегличка или во шоља. Користете по потреба.

Advertisement