Зеленчукот богат со калиум е сојузник за добро здравје.
Сокот од морков го намалува крвниот притисок




Сокот од морков може да помогне во намалување на крвниот притисок и маснотиите во крвта.
Ако крвниот притисок на една личност е висок, тоа значи дека неговото срце треба да работи понапорно за да пумпа крв. Со текот на времето, ова дополнително ги оптоварува сите витални органи – покрај срцето, мозокот и бубрезите. Хипертензијата може да има катастрофални последици, со зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и деменција.




Како и кај многу медицински состојби, исхраната игра улога во тоа дали крвниот притисок е висок или низок. Многу солена храна предизвикува телото да задржува вода , што создава дополнителен притисок на ѕидовите на крвните садови.




Лекарите често советуваат здрава и урамнотежена исхрана како начин за намалување на крвниот притисок.




Поточно, тие препорачуваат намален внес на сол . Докажано е дека јадењето храна богата со калиум помага во намалување на крвниот притисок со тоа што му помага на телото да се ослободи од натриумот и работи на опуштање на крвните садови.
Морковот е зеленчук богат со калиум, содржи 320 мг калиум на 100 г.




Истражувањата покажаа дека консумирањето моркови може да го намали крвниот притисок, а едно истражување исто така сугерира дека нивното консумирање во форма на сок е корисно за намалување на ризикот од срцеви заболувања.




Морковите се богати со влакна и витамини. Освен А и Ц, содржи и витамини Б 1, потоа Б 2 и Б 3, како и витамини Б 6 и Б 9.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











