Православна црква и верниците денес ги празнуваат Светите маченици Кипријан и девицата Јустина.

Кипријан се доселил од Картагина во Антиохија, каде што живеела и Јустина со своите родители, Едесиј и Клеодонија. Едесиј бил пагански свештеник, а целото негово семејство било незнабожечко.

Но, кога Јустина, одејќи во христијанските цркви, ја запознала вистинската вера, ги преобратила и татка си и мајка си кон Господ Исус Христос. И тројцата го примиле крштевањето од епископот Оптат.

Кипријан, пак, бил волшебник, имал врски со нечистите духови и се занимавал со гатање.

Advertisement

Еден развратен младич, паганинот Аглаид, сакал по секоја цена да ја заведе Света Јустина, бидејќи бил занесен од нејзината убавина. Кога светата девица решително го одбила, тој побарал помош од Кипријан.

Кипријан ги испраќал злите духови, едни по други, кон Јустина, со цел во неа да разгорат нечиста страст кон Аглаид. Но, не успеал во тоа, бидејќи Света Јустина со крсниот знак и молитва кон Бога ги одбивала духовите на злото.

Тогаш Кипријан ја спознал силата на крстот, самиот се крстил, а со текот на времето станал презвитер и епископ.

Разгневените пагани ги обвиниле него и Јустина, по што двајцата биле изведени пред судот во Дамаск, а потоа мачени и погубени со меч во Никомидија, кон крајот на III век.

Во црната магија се вбројуваат сите видови гатање, баење, маѓепсување и фрлање магии, без разлика дали со нив се настојува да се заштити некого од болест, да се придобие саканата личност или да му се нанесе зло на друг човек.

За гатањето и баењето

Гатањето и баењето потекнуваат уште од дамнешни времиња, кога човекот бил на пониско ниво на развој, а религијата била политеистичка. Сепак, и денес има луѓе кои веруваат во магии и баења и во нив бараат лек и спас.

Црната магија се изведува со помош на одредени предмети преку кои се настојува некому да му се направи добро или зло, или да се фрлат магии врз него, односно да се маѓепса.

Составен дел од овие ритуали е баењето, кое се состои од изговарање таинствени зборови и формули.

Со гатање најчесто се занимаваат постари жени, кои народот ги нарекува гатачки, волшебнички, бајачки или вештерки. Тие тврдат дека овој занает го научиле од своите покојни баби или тетки, а некои велат дека тајната на гатањето им била откриена во сон.

Според народните верувања, тие се поврзани со зли духови, најчесто со ѓаволи, од кои ја дознаваат тајната на гатањето. Необразованите луѓе често се плашат од нив, ги сметаат за некакви вештерки и им веруваат на нивните зборови и баења.

Сепак, науката утврдила дека автосугестијата понекогаш може да има силно влијание врз човекот, па во тоа треба да се бара и објаснувањето за успехот на некои гатачки.

Молитва против уроци

„Владико, Господи Исусе Христе, Боже наш, Седржителу и Управителу на сè, Свет и Сепрославен, Цару над царевите и Господару над господарите, слава Ти!

Ти, Кој пребиваш во безгранична светлина и недостапна громогласност, Тебе Те гледаат илјадници Сили и милијарди свети ангели и архангели.

Сега Ти се молам и Те преколнувам, Боже наш, оваа моја молитва пред Тебе, Боже и Господи на милоста, да биде жртва угодна Тебе.

Секој човек во кого има нечист дух целосно да се очисти, заедно со целиот свој дом. Ако е врзан со магија, зли дела или волшебништво, ако е оптоварен со седумдесет и две клетви на завист и е маѓепсан, и ако во себе носи триста шеесет и пет магиски зборови што им нанесуваат штета и пропаст на слугите Божји (име) и на сите нивни домови…“

Advertisement