Британи Меккрисал е 27-годишна девојка која ослабела 20 килограми преку посебен режим на исхрана и вежбање.

Веќе ви пишувавме за најдебелиот Србин кој успеал да си го доведе телото во ред, а денес ви пишуваме за девојка која е одлична инспирација за оние кои сакаат да ослабат.

Британи Меккрисал е девојка која живее во Сиднеј и која за девет месеци успеа да „падне“ од 82 килограми на 62 килограми.

Таа вели дека во текот на овие месеци јадела здрава храна богата со хранливи материи и редовно вежбала. Напорот вроди со плод и таа успеа да ослаби неверојатни 20 килограми, додека сето тоа го сподели на TikTok и на тој начин стана голема инспирација за многумина.

Advertisement

Нејзиниот план за исхрана е едноставен, а храната што ја јаде е многу вкусна.

Доручекот

Британи вели дека за појадок јаде јајца, сланина и шунка. Ако сака сладок оброк, подготвува овесна каша со банана или протеинско смути.

Ручек

Салатата е составен дел од ручекот, а како додаток има пилешко, риба со ориз.

Вечера

Бретани тврди дека никогаш не ја прескокнува вечерата, но овој оброк често е некаква крем чорба или супа, а понекогаш се почестува и со тестенини или стек.

Грицки

Протеинските топчиња, свежото овошје и јогуртот се нешто што секогаш го носи со себе во чантата во случај да огладне.

„Изгубив 20 килограми и јадев вкусна храна секој ден“, рече таа.

Покрај здравата исхрана, таа тренираше пет дена во неделата по еден час и одеше по 10.000 чекори дневно.

Бретани советува да креирате план за исхрана до кој ќе се придржувате, како и план за вежбање.

„Малите чекори водат до големи резултати. „Ако сакате да го промените вашето тело засекогаш, тогаш мора да го промените вашиот животен стил“, заклучила таа.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Advertisement