Рецептот е едноставен, подготовката не ви одзема повеќе од половина час, а најдобро е што веќе ги имате сите состојки во кујната.

Најтешкиот дел од овој десерт ќе биде времето кога ќе чекате да се олади, а нема да ве чини повеќе од 75 денари.

Неопходно е

  • 1 литар млеко
  • 4 јајца
  • 4 супени лажици гриз
  • 1 лажица брашно
  • 5 лажици шеќер

Подготовка

Advertisement

Во половина литар млеко ставете една лажица шеќер и четири лажици гриз. Сварете го гризот додека не се згусне, а кога ќе се излади додадете четири претходно изматени белки. Сето тоа соединете го заедно и ставете го во влажни мали чинии или калапи да се излади.

На тивок оган стопете четири лажици шеќер. Кога шеќерот ќе почне да се карамелизира, додадете половина литар топла вода.

Додека шеќерот се топи, во посебен сад соединете четири жолчки, лажица брашно и половина литар млеко, па сето тоа додадете го во смесата со шеќерот и водата и постојано мешајте додека се убаво да се соедини. Веќе изладениот гриз прелијте го преливот од карамела, па оставете го да се излади во фрижидер.

Advertisement