Племето Курја во Танзанија има околу 700.000 членови низ целата земја. Нив ги карактеризира обичај наречен „женска куќа“. Оваа практика им овозможува на жените да се мажат една со друга за да го зачуваат имотот кога ќе останат без своите сопрузи. Тоа не се интимни заедници, туку исклучиво интересно-економски. Кај племето Курја, меѓу 10 и 15 проценти од домаќинствата се такви заедници.

Не се знае од кога датира овој обичај, но целта е да се задржи имотот бидејќи според нивниот закон само мажите можат да наследат имот. Овие бракови се многу различни од истополовите бракови на Запад бидејќи хомосексуалноста е строго забранета во племето Курја.

Племенските водачи веруваат дека истополовите бракови го решаваат проблемот на вдовиците, бидејќи жената може да го задржи својот имот и на тој начин не станува товар за племето.

Покрај тоа, повеќето мажи не сакаат да се омажат за жена која поминала низ менопауза и не може да има деца.

Advertisement

Речиси во сите Курја бракови, без разлика дали се со маж или жена, обично има цена за невестата или миразот. Цената што ја плаќа машкото семејство е во просек помеѓу 10 и 20 крави (една крава во просек чини околу 500.000 танзаниски шилинзи, или околу 230 долари), а побогатите можат да се оженат за десет девојки.

Во таква полигамна, патријархална култура, каде што колку повеќе крави имате, толку повеќе жени можете да купите, младите жени често одлучуваат да се омажат за друга жена наместо за маж. Тие сфатија дека во таков брак имаат поголема моќ и слобода.

Бидејќи многу мажи сакаат да стапат во брак со млади жени кои се во такви заедници, тоа им дава можност на жените сами да изберат партнер кога ќе проценат дека тоа ќе биде добро за нив. Ваквите бракови спречија семејно насилство и детски бракови.

Advertisement