Псоријазата е хронично кожно пореметување кое се манифестира преку црвени дамки прекриени со бела оштетена или сува кожа, јадеж или во вид на задебелени нокти, таа се појавува во различни видови кај секој човек.

Алтернативната медицина во причинители ги вбројува и неправилната исхрана и наталожувањето на токсини во организмот.

Оваа непријатна, но не и фатална кожна болест не е нешто неизлечливо. Природната медицина нуди методи кои во голема мера за ублажуваат, дури и комплетно ги намалуваат симптомите на псоријазата.

Во лекувањето на псоријазата може да помогне и зелената глина, сертифицирана за орална употреба. Таквата глина на пакувањето е означена како „вентилирана“.

Advertisement

Навечер разматете полна чајна лажица вентилирана зелена глина во 2 дл вода (несварена, најдобро изворска).

Притоа не употребувајте метална лажица или чаша, бидејќи глината не смее да биде во допир со метал.

Глината консумирајте ја наутро веднаш по будењето или навечер пред спиење. По желба можете да консумирате глина и еден час пред јадењето. Регулирајте ја исхраната и пијте напитоци на природна база за прочистување на токсините од организмот и подобрувањето е загарантирано.

Advertisement