Сите здравствени проблеми започнуваат од цревата – затоа погрижете се за чистење на телото одвнатре




Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево подобро да ги извршува своите функции, потребно е да ја одржува својата нормална состојба. Едноставен домашен рецепт ќе ви помогне во тоа.
Сосема е можно да се исчисти дебелото црево и да се елиминира непријатноста дома. Процесот на детоксикација може да се заврши за еден викенд со помош на природни производи.




Како да го исчистите дебелото црево со јаболко, морска сол, ѓумбир и лимон?




Во тенџере загрејте 100 мл вода. Потоа истурете вода во чаша, па додадете половина лажичка морска сол и промешајте. Во оваа солена вода додадете половина чаша природен сок од јаболко, лажичка рендан ѓумбир и 2 лажици сок од лимон. Промешајте.
Пијте го овој напиток 3 пати на ден:
- пред појадок;
- напладне пред ручек и
- пред вечера.
Многу е важно да внимавате што јадете тој ден. Се препорачува да консумирате зеленчук, риба и да ги прескокнете слатките и тестенините.




Во текот на денот потребно е да испиете најмалку 6 чаши млака вода.
Морската сол му помага на телото побрзо да се ослободи од токсините и го подобрува функционирањето на дигестивниот систем. Јаболкото, ѓумбирот и лимонот го стимулираат дебелото црево, го штитат од штетните токсини и спречуваат надуеност.




Овој метод на чистење на дебелото црево е безбеден и ефикасен, но консултација со лекар е неопходна доколку не се чувствувате добро или ако имате алергии. И на трудниците им треба стручен совет.











