Витаминот Д ги зајакнува коските, влијае на доброто расположение, но и на здравјето и функционалноста на целиот организам.




Покрај сонцето и исхраната, извор на витамин Д се и суплементите, а многумина се во дилема дали е подобро да се земаат наутро или навечер. Според стручните совети, витаминот Д треба да се зема со оброк бидејќи е растворлив во масти, што значи дека делува поефикасно кога се зема со храна.




Со оглед на тоа што појадокот по правило е оброк со доволно здрави масти, лекарите советуваат дека најдобро е да земате витамин Д наутро.




Ако, сепак, сакате да пиете витамин Д навечер, тогаш се препорачува да го земате со, да речеме, некои јаткасти плодови.




Во зимските денови кога има недостаток на сонце особено се препорачува да се зема витамин Д кој освен со суплементи може да се внесува и со одредени намирници.




Храната богата со витамин Д е главно риба и полномасни млечни производи, а потоа говедскиот црн дроб, млекото од соја, јагулата и рибиното масло. За да се извлече максимумот од витаминот Д, потребно е да се комбинира со магнезиум и калциум.




Сепак, не треба да претерувате со овој витамин. Лекарите тврдат дека земањето премногу витамин Д во подолг временски период може да предизвика акумулација на премногу калциум во телото, што може да ги ослаби коските и да ги оштети бубрезите и срцето.











