Треба да земете една лажица сок разредена со малку вода, половина час пред оброк.




Во својата сурова форма, компирот е многу здрава и разноврсна храна. Но, пред употреба, неопходно е да се излупи компирот, бидејќи неговата кора е отровна. Всушност, кожата на здравиот, органски одгледан компир не содржи никакви материи што се штетни за здравјето.




Опасни се незрелите компири со зелена или делумно зелена кора, како и оние што никнале. Опасноста се крие во соланин – отров што се јавува во никулците и зелените делови на компирот. Но, лесно можете да се ослободите со отстранување на деловите од лушпата со никулците и зеленикавата кора пред употреба.




Придобивките од компирот:
Сокот од компир е одличен природен лек кој помага при гастритис, една од најраспространетите болести на денешницата. Треба да земете една лажица сок разредена со малку вода, половина час пред оброк.




При лекување на чир на желудникот и дуоденумот се препорачува консумирање на половина децилитар сок од компир на празен стомак и половина децилитар половина час пред ручек и вечера.




Сокот од компир поволно делува на намалување на нивото на шеќер во крвта, како и на белодробни и респираторни заболувања.




Компирите во последно време добиваат сè поголемо значење како неопходно средство во борбата против болестите на црниот дроб и бубрезите, како и болестите на срцето, високиот крвен притисок, дијабетесот, лумбагото и ревматизмот.




Конзумирањето суров сок од компир е одлично средство за зајакнување на имунитетот, а помага и за отстранување на честите главоболки и менструални болки. Исто така, ако се чувствувате слаби или исцрпени, наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и едно јаболко – во рок од две недели ќе бидете во форма.




Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











