Познато е дека јаглехидратите имаат најголемо влијание на вишокот килограми, бидејќи нивното прекумерно количество се складира во телото во форма на маснотии. Токму поради ова, диетата без јаглени хидрати е дизајнирана за да го поттикне телото да консумира маснотии и да ги користи масните наслаги како извор на енергија – што би довело до губење на тежината.

Креатор на диетата без јаглени хидрати се смета научникот Аткинс, па по него оваа диета е наречена и Аткинс диета. Со целосно исфрлање на јаглехидратите од вашата исхрана, или ограничување на внесот на само 15-20 грама дневно, е првата ставка до која треба да се придржувате. Покрај тоа, потребно е да се зголеми внесот на протеини, како и витамини А, Ц, Е и Б, магнезиум и калциум.

ПРВ ДЕН

Појадок: омлет со зеленчук, пржен на маслиново масло. Зеленчукот може да се пржи, но подобро е да се јаде свеж.
Ручек: супа од зеленчук или супа која не содржи јаглени хидрати, јадење на скара, со прилог од зеленчук или печурки.
Вечера: јогурт, грст бобинки и бадеми.

Advertisement

ВТОР ДЕН
Појадок: јајца со сланина
Ручек: плескавица без леб, салата од зеленчук
Вечера: лосос подготвен во маслиново масло и зеленчук на скара

ТРЕТ ДЕН

Појадок: две пржени јајца на путер, печурки или некој зеленчук, чај
Ручек: салата од морска храна
Вечера: месо на скара со зеленчук

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: конзервирана сардина или туна
Ручек: варен зеленчук и парче мисирка
Вечера: говедски стек и салата

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: јајца со сирење
Ручек: печена батак со малку маслиново масло
Вечера: пржени парчиња свинско месо со зеленчук

Advertisement