Проја секогаш беше првиот избор на нашите постари – главна замена за леб. Оброк како ниеден друг.

Проја е омиленото јадење на повеќето луѓе, особено на домаќинките бидејќи знаат колку е лесно да се подготви овој феноменален оброк:

Состојки (Сè измерете со чаша од 2 децилитри)

    • 3-4 јајца
    • 1 чаша минерална вода
    • 1 чаша масло
    • 1 чаша кисело млеко
    • 1 и пол чаши пченкарно брашно
    • 1 чаша пченично брашно
    • 1 прашок за пециво,
    • 1 лажичка сол
    • 200гр. сирење
  • Млад кромид

Подготовка: Јајцата се матат и се додаваат сирењето, киселата вода, маслото, млекото, пченкарното и пченичното брашно, прашокот за пециво и солта.

Advertisement

Истурете половина од масата во тавче за печење и печете во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 8 до 10 минути. Во втората половина од масата додадете сечкан млад кромид, па прелијте го со првиот дел. Печете уште 15 минути.

 

Advertisement