Обичната настинка, позната и како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно кај носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја) и треска.

Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Некои симптоми сепак може да траат и до три седмици. Над двесте вируси можат да предизвикаат настинка. Риновирусите се најчест причинител.

Акутните инфекциии на носот, синусите, грлото или ларинксот (акутни респираторни инфекции) се категоризира според деловите на телото што се главно зафатени.

Настинката обично го зафаќа носот, фарингитисот – грлото, а синуситисот – синусите. Симптомите се должат на одговорот на имунолошкиот систем на инфекцијата, а не на оштетувањето на ткивото од самите вируси. Миењето раце е главен метод за спречување на инфекции. Има потврда дека и носењето маска е ефикасно.

Advertisement

Во прилог ви го пренесуваме рецептот кој ни го испрати Фармацевт спец. по токсиколошка хемија:

Топчиња од ѓумбир, куркума и мед против настинка: Потребно е:

  • 3 супени лажици куркума во прав,
  • 3 супени лажици ѓумбир во прав,
  • 1 супена лажичка мед (по потреба се додава уште малку од правот или од медот).

    Во длабока чинија од трите состојки полека се замесува “тесто” со прстите. Се прават мали топчиња (како еден Ц витамин само топчести)
    Се пијат одеднаш 2-3 топчиња со чаша лимонада (од еден лимон) и аспирин од 500мг.

    Легнете, покријте се и треба за пола саат до саат да се испотите. Истуширајте се, пресоблечете се во суво и отспијте малку. Така три пати дневно два(три) дена и настинката поминува.

Advertisement