Благодарение на антиоксидансите, редовното консумирање свежо цвекло ги отстранува токсините од телото и го намалува холестеролот.

Цвеклото содржи речиси сè: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром… Богато е со витамини, а најзастапени се витамините Б1, Б2, Ц, како и исклучително редок витамин во растителната храна, Б12. Добар е за работата на црниот дроб, го забрзува метаболизмот , па затоа се препорачува за оние кои сакаат да ослабат, а има само 40 калории во 100 грама.

Благодарение на антиоксидансите, редовното консумирање свежо цвекло ги отстранува токсините од телото и го намалува холестеролот. Освен тоа, овие зеленчуци помагаат во нормализирање на менструалниот циклус, ги зајакнуваат коските и зглобовите, ја подобруваат активноста на кардиоваскуларниот систем, ги обновуваат клетките на црниот дроб, го подобруваат видот… Сепак, рускиот лекар Михаил Кутушов предупредува дека цвеклото во некои случаи може да биде штетно.

Поради големото количество хлор во составот, прекумерното консумирање на цвекло може да предизвика иритација на слузокожата, пецкање и воспаление на грлото.Ако чувството на печење не исчезне подолго време, тоа значи дека дошло до алергиска реакција Можат да се зголемат, може да дојде и до треска“, рече тој и посочи во која комбинација е особено штетно.

Advertisement

„Подобро е да се воздржите од омилената салата на сите: цвекло со лук и мајонез. Овде нема да зборувам за штетноста на сосот, многу се пишуваше за тоа, но комбинацијата на цвекло и лук е доста опасна, бидејќи значително го зголемува товарот на срцето“, вели докторот.Кутушов.

Тој посочи дека со внесувањето на цвекло треба да внимаваат луѓето кои боледуваат од тешки заболувања на гастроинтестиналниот тракт, откажување на бубрезите и камења во бубрегот, како и оние кои се склони кон дијареа. Исто така, цвеклото треба умерено да го консумираат луѓето со низок притисок бидејќи го намалува крвниот притисок.

Здравје цвекло: сурово или варено?

За време на термичка обработка, повеќето овошја и зеленчуци губат витамини и корисни својства, а цвеклото не е исклучок: за време на процесот на готвење, количината на витамин Ц, како и Б5 и Б9, се намалува речиси на нула. Свежото цвекло има помалку калории и малку помалку едноставни јаглехидрати, па оние кои се грижат за линијата подобро да ја изберат оваа опција.

Advertisement