Аритмија или неправилна работа на срцето е често здравствено пореметување, а до појава може да дојде од различни причини. Може да влијае генетиката, стре-сот, анксиозноста, прекумерен внес на кафе или други напитоци кои содржат кофеин и болест на штитната жлезда.

Симптомите на аритмија може да бидат прескокнување на срцето, треперење во пределот на градите, замор, а меѓу посериозни знаци спаѓаат слабост, вртоглавица, губење или чувство на губењето на свеста, потење, недостиг на воздух, стегање во пределот на градите.

Аритмијата означува неправилен ритам и/или број на отчукувања на срцето. Кога станува збор за аритмија, не се мисли на тоа дека срцето чука премногу бавно или пребрзо, туку тоа значи дека неправилно чука, па истовремено може да имате аритмија со бавно или забрзано работење на срцето.

Некои типови аритмија се јавуваат кај нормално, здраво срце, кога ќе се наруши дел од проводните патишта што ги предизвикуваат забрзаните импулси.

Advertisement

„Прескокнувањата“ на срцето, или т.н. екстрасистоли, се многу чести кај здравите луѓе и најчесто се безопас-ни. Повеќето здрави луѓе имаат барем едно дополнително прескокнување на срцето во текот на денот, екстрасистолите може да не се почувствуваат, или понекогаш се чувствуваат кога лицето лежи мирно во креветот. Кофеинот, енергетските пијалаци, газираните пијалаци, ал-кохолот во поголеми количини, може да го зголемат бројот на екстрасистоли.

Меѓутоа, аритмиите се поврзани и со заболувањата на срцето, на пример: исхемична болест на срцето, болести на срцевите залистоци, високиот кр-вен притисок (хипертензија), старост, промени во срцевиот мускул.

Како се лекува аритмијата?

Третманот на аритмии зависи од типот на аритмијата и од тоа колку е сериозна. Некои луѓе со аритмија немаат потреба од лекување, некои треба да го променат животниот стил, да земаат лекови, па дури и да се опери-раат.

Народниот лек за оваа состојба е многу едноставен, а се верува дека со секојдневна консумација на овој природен препарат, аритмијата може да се повлече за еден месец. Потребни ви се состојки кои веќе ги имате во вашата кујна, а станува збор за кромидот и јаболкото.

Двете намирници засебно се многу лековити, но кога ќе се соединат заедно се добива многу моќна мешавина која успешно го регулира срцевиот ритам. Во продолжение дознајте како се приготвива лековитиот препарат за срце и аритмија.

Потребни состојки: 1 голема главица кромид и 1 големо јаболко

Постапка: Кромидот излупете го, а потоа изрендајте го или сомелете го во блендер. Јаболкото излупете го, па исто така, изрендајте го. Најдобро е двете состојки да ги сомелете во блендер за да добиете кашеста смеса. Не го фрлајте сокот што ќе го испуштат плодовите при рендањето.

Состојките измешајте ги добро во еден подлабок сад. Мешајте со лажица додека убаво да се изедначат. Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. За максимални ефекти се препорачува да се консумира двапати дневно помеѓу оброците во период од еден месец.

Како да се живее со аритмија?

Лицата со безопасни аритмии можат да живеат нормално без потреба од лекови. Дури и лицата со сериозни аритмии можат успешно да се лекуваат и да водат нормален живот, секако во зависност од видот на аритмијата, срцевото или другото заболување што постои и лекарските препораки.

Ако имате аритмија што треба да се лекува, потребно е: редовно да одите на лекарски преглед и секогаш да го носите списокот со лекови што ги користите; пропишаната терапија од лекарот треба да се зема редовно; секогаш кажете му на лекарот ако земате додатоци на своја рака, или лекови за алергии и настинка, како и спрејови што можат да предизвикаат неправилно работење на срцето.

Секогаш информирајте го лекарот ако имате влошување на симптомите и состојбата. Ако земате лекови за разредување на кр-вта (антикоагулантна терапија), правете редовни рутински контроли на кр-вта, како што ви е препорачано.

Ако имате аритмија, важно е да се грижите за себе. Ако чувствувате нестабилност или несвестица, треба да легнете, не движете се, не управувајте со автомобил. Соопштете му ги на лекарот овие симптоми. Тој треба да ви објасни и да ве поучи како да го проверувате пулсот на срцето, а ако имате нови промени, информирајте го за истите.

Advertisement